Press "Enter" to skip to content

Кај паркот кај “Стив Наумов“, 17. по ред маркет на “Ангромаркетинг“ во Битола, на 400 м2 со илјади артикли (фотогалерија)

Компанијата “Ангромаркетинг“ во Битола продолжува со својот разјов, а за утре среда, 20 јули, е закажано свеченото отворање на  новиот супер маркет кој се наоѓа кај паркот кај основното училиште “Стив Наумов“. Според најавата од “Ангромаркет“ новиот супер маркет има површина од 400 м2, а битолчани од вој дел на Битола, како и сите намерници ќе можат тука да најдат и да купат повеќе илјади производи.Супермаркетот на “Ангромаркетинг“ на купувачите им нуди и сопствен паркинг простор, кој се наоѓа пред влезот, со што ќе биде олеснета комуникацијата.Како и во останатите супер маркети и тука, како рековме претходно, ќе има прехрамбени производи, хемиски и козметички производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци.Во “Ангромаркет“ по специјални цени ќе се продаваат сопствените производи на “Лозар“ и “Жито Битола“, а секако ќе се стартува со голем број на призводи кои ќе се продаваат по акциски цени, со “гратис“ за купен производ+подарок, а ваквите попусти и поволности за купување ќе продолжет и во наредниот период.