Press "Enter" to skip to content

Нема во Битола, но во државата има 21 нови позитивни на ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти, нема од Битола, остануваат 2 активни случаи во Битола.

Пријавено е 1 починато лице од Скопје (56 г.) во болнички услови.

Направени се ЦЈЗ Битола 45 и преку “Плодност“ 41 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 935.732 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.951, бројката на оздравени пациенти е 150.237, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 226.

More from ВестиMore posts in Вести »