Press "Enter" to skip to content

Со изложба на Панде Петровски започна фестивалот “Илинденски денови“ во Битола (фотогалерија)

Во Магазата во Битола вечерва беше свечено отворена изложбата на слики на Панде Петровски, со што се означи отворање на претпрограмата на годинашниот фестивал на народни игри “Илинденски денови“, кој ќе го има 51. издание.За изложбата и авторот Панде Петровски, зборуваше Валентин Соклевски, уметнички раководител на Фестивалот, кој рече:-Многу е тешко кога треба да се каже нешто за човек кој што со децении создава дела кои сведочат за голем талент, огромна креативност и трудољубивост. Човек кој оставил трага во уметноста, во ликовната педагогија, во светот на пишаниот збор, во светот на афоризмите, во инспирацијата од фолклорната традиција, и во сценографијата. Вечерва имаме чест да уживаме во најновите уметниќки креации, на наставникот, авторот, Панде Петровски. Пред нас е неговата пејзажна стилизација, топла, колоритна, исполнета со стилизирани дрвја, родови, широки хоризонти, небо и меки облаци. Излоќба која е културен настан со кој започнува 51. издание на “Илинденски денови“, фестивал, споменик, паметник, аманет за иднината, борец за ново раѓање на културата д маглиштата на пандемијата, која се уште не запира.Авторот Панде Петровски за неговата најнова изложба рече:-Најнапред да ви се заблагодарм на сите вас што ми ја укажавте честа со вашето доаѓање и ве поздравувам од срце. Ја започнав оваа изложба во пандемијата која ни го преврте цел живот, со полициски часови и се друго. Немајќи што да правам се одлучив да пркосам на короната со четката, боите и со тоа што знам најдобро да го правам. Почнав да сликам пејзажи, по сеќавање, ги вадев од подсвеста, но сакав да бидат тие со топли бои, онака как што го сакам, со светли бои, не со црнила. Цело време со мене беше, а ми беше и најголема инспирација, мојата внука Ангела, од која добив и намногу честитки.Како знак на благодарност, за поддршката која ја има Петровски и додели слика како еден спомен на таа соработка, на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која рече:-Среќна сум ѓто има еден ваков автор во нашиот град, затоа му благодарам на Панде се што наптави во сите изминати години и му посакувам многу здравје и многу понатамошни изложби.Пред свеченото отворање на изложбата и неформалното отворање на “Илинденски денови“, просутните со краток концерт ги забавуваше групата “Рудина“ од Битола, која долги години е дел од фестивалот на народни игри и ора.За мото на фестивалот “Старото е ново“ и за обемната програма преку работилници, изложби и стручен симпозиум кои ќе бидат убав вовед во фестивалските вечери кои со големото дефиле по улиците на Битола стартуваат на 26 и завршуваат на 30 јули, зборуваше Силвана Петровска – Насух.На фестивалот ќе има гости од САД, Русија, Грција, Хрватска и Албанија ќе го донесат националниот фолклор низ улиците на Битола, под светлата на фестивалските сцени кои годинава ќе ги има и на стари и познати, но и на некои сосем нови локации.

Текст и фото: С. Ристевски
 
More from ВестиMore posts in Вести »