Press "Enter" to skip to content

Вечерва во Битола ЛДП и ДОМ го претставија граѓанското движење на центарот (фотогалерија)

Вечерва во Пациото на Заводот и Музеј во Битола, беше промовирано граѓанското движење на Центарот, кое на претстојните локални избори ќе настапи под мотото “Излези од маглата“, а зборуваа лидерите ЛДП – Горан Милевски и на ДОМ – Маја Морачанин.Според првиот човек на ЛДП Горан Милевски, движењето е формирано за да им се понуди нешто ново на граѓаните што не било понудено во изминатите 30 години.-Почитувани битолчани, мило ми е што сте тука во голем број, а тука сме да  промовираме една нова приказна, ново граѓанско движење на Центарот кое што сака на граѓаните да им понуди нешто различно и кое не било понудено во изминатите 30 години. Многумина се прашуваат зошто, две партии кои се дел од извршната власт порачуваат зошто да излеземе од маглата. Ние сме во извршната власт, но и граѓански партии. Големите партии се однесуваат како да се локални партии, како да е референдум.-Каде е Битола. Битола од град бисер, тапка во место, двете големи партии се менуваат но незадоволството кај граѓаните расте и гледаме дека граѓаните се повеќе се исселуваат од градот, а тоа е затоа што Битола не се води без визија, нагласи Милевски. -Потребно е Битола да ја водат експерти, талентирани граѓани, знаењето на битолчани, кои ќе бидат вклучени во водењето на локалната власт, со искуство, рече Милевски, на промотивниот настан и наброи дека на Битола и недостигаат луна парк, затворен базен, пешачки патеки, а тоа како што рече се работи кои не може да се направат во еден мандат и затоа ние нудиме визија за Битола за наредните 10 години. Финансиска поддршка на домашните танетирани спортисти и тренери, а не донесени странци, подрршка на локалните музички ѕвезди, а не пензионирани странски пеачи, ред во урбаниот хаос, доволно паркинг простори, модерен клинички центар, смарт сити Битола… Претседателката на политичката партија Демократска обнова на Македонија-Дом, Маја Морачанин акцентираше дека ќе бидат фокусирани на еколошките планови и обновливи извори на енергија затоа што локалната самоуправа може многу да направи.-Локалната самоуправа може да субвенционира, да им се помогне на граѓаните своите објекти да ги направат енергетски ефикасни, како и зградите на јавните претпријатија и да им се помогне на бизнисмените да поставуваат фотоволтаици со што ќе добиваат струја бесплатно, изјави таа.На промоцијата зборуваше и Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола, и член на Извршниот одбор на ЛДП, кој рече:-Последните малку повече од три месеци ни претстои голема битка во која треба да им се спротиставиме на двата политички блока, а наша обврска е да понудиме алтернатива. За да се спротиставиме ќе ни траба храбрости, идеи, возија, знаења. Им даваме подадена рака на сите кои сакаат да бидат со нас. Ние не сакаме да му помогнема на ВМРО да се врати на власт, ние сакаме да си помогнема сами на себе, на граѓаните, а за нашето владеење не може никој ништо да ни забележи.На промоцијата зборуваше и Диневска која рече е млад ентузијаст во политичките води, а возрасна по години, бидејќи увидов  дека само зборуваме за критики за тоа каков е животот во нашата држава, а тоа не носи плод. Ако сакаме ова парче земја да го направиме подобро место за живеење за нас и нашите идни генерации треба да делуваме така што да преземеме вистиски потези.