Press "Enter" to skip to content

Дан Оријан, во последна посета на Битола како израелскиот амбасадор (фото)

По седум години на служба во Македонија, како Израелскиот амбасадор, Дан Оријан го завршува својот мандат, а денес со најблиските соработници, со кои реализира проекти во Битола, Рахела Шели Друмер Леви од Израел и  Марија Герас Дочовска, раководител на проектот „Еврејски гробишта-Битола“, одржаа прес конференција.

Дан Оријан направи кратка ретроспектива за тоа што се работеше во Битола за време на неговиот мандат за што рече:-Сакам да зборувам за партнерството што го имавме со Битола, за што вие како новинари доста знаете, но не се бидејќи дел од тоа се случуваше во Израел. Ми беше драго тоа што го работев и беше многу важно за односите кои ги имаме со Македонија, а посебно на овој дел. Ќе кажам една еврајска изрека која гласи: ако сакаш да знаеш каде одиш, треба да знаеш од каде доаѓаш. Приказната за Евреите од Битола е дел од приказната од каде доаѓаме. Првиот пат кога дојдов во Битола во 2015 година, сфатив дека битолската приказна не е кажана доволно, и веднаш решив дека сакам да направам голема коалиција со кој тој факт ќе го промениме. Од самиот почеток се обидов да откријам што е важно за битолчани денес, се обидов да изградам мостови меѓу нас, на многу подрачја, и со тоа ја поврзавме приказната со денешните интереси на Изреал, а за тоа како започнаа проектите во Битола додаде:

-Започнавме со чистење и документирање на најстарите Еврејски гробишта на Балканот, тука во Битола, го инициравме “Маршот на живите“ во Битола секоја година. Секогаш треба да најдеме начин да ја раскажеме приказната, посебно за младите и затоа го направивме хакатонот во Битола, за кој први ми рекоа дека сум луд, а потоа сите си “каснаа“ од зборот бидејќи не само што беше успешен туку беша со најмногу 120 учесници, во кои беа вклучени министер за наука и други, но и инвеститори кои тоа го гледаа. Од тогаш продолжи иницијативата за старт-апи, а победниците и други беа на специјална тура во Израел, на чело со проф, д-р Игор Неделковски, кој во таа прилика каа дека ова е “отворање на очите“, а некои веќе работат со изралески компании.За поврзувањето, Оријан го спомена и заедничкото пеење на Еврејските гробишта, натпреварите за фотографија за младите, а дел од фотографиите се понудени на министерството за надворешни работи на Израел, а беше поставена изложба во атриумот на зградата со име “Сеќавање од Битола од 2018“. Потоа го спомена и честа Битола да се сеќава на последниот еврејски, а сега го носи името здравствениот дом, како и соработката со лицата со попречености, со Црвениот крст.

Оријан ја потенцирапе и соработка со Рахела Шели Друмер Леви од Израел Марија Герас Дочовска, раководител на проектот „Еврејски гробишта-Битола“ и здружението “АХАМ“.

Во врска со поставувањето на сончевиот часовник во Битола Оријан рече:

-Во септември или октомври ќе се постави сончевиот часовник на Еврејските гробишта во Битола, кој е изработен според цртежите на уметникот Мати Грумберг од Израел, последното Еврејче родено во земјава пред самата депортација, кое го преживеало Холокаустот. За поставувањето се чекаше повеќе од две години поради правни работи зашто локацијата е културно наследство од прва категорија, за што имаше потешкотии, а потребни се уште неколу технички работи и ќе имам можност да дојдам повторно и да прославиме заедно.Дан Оријан денес ги посети сите локации поврзани со еврејската култура и минато и каде израелската амбасада помагаше во голема мера. Новиот лик на Еврејските гробишта, преименувањето на Здравствениот дом, Маршот на живите, како и многу други настани, но и донации.

По споделувањето на спомените и искуствата со новинарите тој ги повика да соратуваат и со новата амбасадорка во Македонија и секако направи фотографија за спомен.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »