Press "Enter" to skip to content

Игор Кесар уште две години во Битола, ново име американецот Тајлер Чиз

Иако имаше дилеми дали, можеби најдобриот поединец во тимот на КК Пелистер, Игор Кесар, ќе остане во Битола или ќе се пресели во нов клуб, денес тоа е разрешено. Според Мери Ковачевска, претседател на клубот, денес е склучен договор за нова соработка со Игор Кесар.  Српскиот интернационалец потпиша нов двегодишен договор, односно до 2023 година. 

Покрај со Кесар од клубот сопштија и дека се завршени сите преговори и потврден е трансферот на американецот Тајлер Чиз, кој е поранешен член на италијански Тревизо и со кој КК Пелистер потпиша договор до 2022 година, а ќе игра на позиција 1 и 2.

Претходно договорот го продолжи Бобан Стајиќ, ново име во македонскиот прволигаш е Марјан Младеновиќ, а останува во клубот и капитенот Бојан Трајковски.

More from СпортMore posts in Спорт »