Press "Enter" to skip to content

Кубанецот Табоада дојде во Еурофарам Пелистер зошто ова е добар проект за него

Меѓу шесте засилувања кои овој летен преоден рок дојдоа во Битола, во Еурофарм Пелистер и кој прв го потврди транферот е кубанецот Реиние Табоада, кој веќе од понеделникот е во Битола и ги одработува првите тренинзи кај тремерот Бабиќ.

Кубанецот е дел од малкумината кои играат во клубови низ Европа, а на прашањето зошто се одлучил изборот токму да биде Битола, на стартот на подготовките ни рече:-Еурофарм Пелистер е клуб кој напредува постојано. Беше второпласиран во домашниот шампионат минатата сезона. Ова е добра шанса за мене да се дефинирам како ракометар и да му помогнам да екипата да се искачи на првото место и да освојува титули. Гледав некои европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дерби натпреварите против Вардар 1961 во домашната лига. Ми оставија добар впечаток и ова е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата. Сакам да играм „еден на еден“, ја користам мојата физичка сила. Но, интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина“, а тоа ќе го види и битолската публика.

More from СпортMore posts in Спорт »