Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: одземен паричник, измама со пари за лекување, 70 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 20.07.2021 во СВР Битола, 83 годишно лице од Битола пријавило дека едно лице физички го нападнало и му одзело паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.07.2021 во СВР Битола, 32-годишен жител на село од општина Могила пријавил дека бил измамен од лице од Битола за сума од 110.000 денари. Според пријавеното, во периодот од септември 2018 година до ноември 2019 година, во неколку наврати му ги дал парите, кој го довел во заблуда дека имал врски во повеќе болници и дека може да му помогне за операција за неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20 јули на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на
сообраќајот, при што било констатирано дека 70 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле со измината регистрација, еден возач разговарал на мобилен телефон, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.