Press "Enter" to skip to content

Немања Обрадовиќ: секоја година има напредок во Еурофарм Пелистер, со публика полесно ќе се победува

Продолжуваме со преставување на новите засолувања на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, кои ќе ги гледаме на теренот во Битола, а денес н ред е левиот бек Немања Обрадовиќ, кој има 32 години и во Битола доаѓа по настапите во Полска, белорусија и Хрватска. 

Обрадовиќ, кој е роден во Белград, Србија исто како и кубанксото засилување вели дека знае дека доаѓа во амбициозен клуб, а нагласи и дека го следел развојот на битолчани во последните неколку години и вели:-Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција и секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари, кој додава дека навивачите може да бидат пресудни во некои натпревари кога се “крши“ резултатот:

-Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас.

More from СпортMore posts in Спорт »