Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнати мајка и ќерка, злоупотреба на дебитна картичка, сообраќајни контроли

На 21.07.2021 во СВР Битола, 47 годишна жена  од Битола пријавила дека таа и нејзината ќерка биле физички нападнати од соседи на ул.„Караорман” во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.07.2021 во СВР Битола, 59 годишна жена од  Битола пријавила дека непознат сторител со внесување на податоците од дебитна картичка, за која била ополномоштена, во два наврати подигнал 50.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21 јули на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 98 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, девет возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле со измината регистрација, шест возачи разговарале на мобилен телефон, двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.