Press "Enter" to skip to content

Битолското обвинителство побара притвор за битолчанец заради разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка со донесување на Наредба за спроведување истражна постапка против 22 – годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 20 јули 2021 година, околу 13.30 часот во Битола, на улица пресретнал жена со тешка здравствена состојба, па ја отпратил до нејзиниот дом. Откако нејзиниот сопруг го поканил осомничениот да влезе во домот и да го почести кафе за услугата, осомничениот забележал паричник под перницата на креветот и го одзел. Домаќинот го забележал осомничениот во кражбата и побарал да му го врати паричникот во кој имало 12.000 денари и лични документи. Во тој момент, осомничениот со употреба на сила, со рака  го удрил оштетениот во пределот на главата, го соборил на подот и продолжил да го удира уште неколкупати, со што му нанел телесни повреди.

Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Битола достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

More from ВестиMore posts in Вести »