Press "Enter" to skip to content

Започна активностите за изградба на нова детска градинка за 150 дечиња во Нова Битола

Претставници од Министерството за труд и социјална политика, изведувачот на градежните работи и надзорот на проектот, денес беа воведени во работа за изградба на новата детска градинка во Битола, лоцирана наспроти училиштето „Св. Климент Охридски“.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, од страна на лицата задолжени за реализација на проектот, на самата локација беше запозната со планот за работа, изгледот на објектот и неговите содржини.

Новиот објект, како дел од Јавната општинска установа детски градинки „Мајски цвет“ од Битола, ќе биде со површина од 810 м2 и ќе згрижува околу 150 деца, организирани во неколку воспитни групи. Вредноста на градежните зафати за градинката се во висина од 56.650.000 денари.

По долги години, во Битола се градат две комплетно нови градинки, а се адаптира уште еден објект, со што во голема мерка ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во детските градинки во Битола.