Press "Enter" to skip to content

Јосип Божиќ-Павлетиќ: Доаѓањето во овој клуб за мене е напредок во кариерата

Хрватската колонија во Битола е побогата за десното крило Јосип Божиќ Павлетиќ, кој дојде во Еурофарм Пелистер од бундеслигашот Гепингем. Тој ќе ја зголеми конкуренцијата на оваа позиција, каде веќе играат Радовиќ и Костески. 26-годишниот сплиќанец со оптимизам гледа на својот нов почеток, во средина во која уште се неговите сонародници Мандалиниќ, Мараш, Кушан и тренерот Бабиќ.-Повикот на Бабиќ дојде случајно. Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона. Кратка беше моја пауза. Бундеслигата траеше скоро до први август. Но, не се жалам. Професионалец сум и одиме понатаму. Ни следат многу натпревари, ќе има минутажа за секого. Мораме да размислуваме натпревар по натпревар, против секого да играме на победа, па ќе видиме каде ќе дојдеме.

More from ВестиMore posts in Вести »