Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведен битолчанец, повредени велосипедист и возач на мопед

На 24.07.2021 во 01.15 часот на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 32 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.07.2021 во 10.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на општинскиот пат за с. Долно Оризари, товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47 годишник од Битола, удрило во велосипедистот на возсраст од 67 години од с.Долно Оризари, битолско. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 23.07.2021 во 15.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај место викано „Тулана“, 22 годишник од Битола, управувајќи мопед „шамп“со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитна ограда. Во незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

 

More from ВестиMore posts in Вести »