Press "Enter" to skip to content

Денес 37 нови случаи на ковид-19, нема во Битола

Во последните 24 часа регистрирани се нови 37 случаи на Ковид-19, од направени 4.264 тестирања, нема од Битола.

Оздравени се вкупно 10 пациенти, а нема починати пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Направени се во Битола  преку ЦЈЗ Битола 93 и преку “Плодност“ 51 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.

More from ВестиMore posts in Вести »