Press "Enter" to skip to content

До 30 јули Маврово нова ракометна база на ракометарите на Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер заминаа на еднонеделни подготовки во Маврово. По петдневни подготовки во Битола, Жељко Бабиќ ја поведе комплетната екипа на базичниот дел од подготовките. Предвидени се еднонеделни активности во познатата база во Маврово, каде пелистерци ќе ја билдаат формата за новата сезона. На 30 јули Еурофарм Пелистер ќе го одигра првиот контролен натпревар сезоната против Еурофарм Пелистер 2.

По враќањето во Битола и слободните денови, на почетокот од август следува третата фаза, во која битолчани ќе одиграат два контролни натпревари против Металург. Првиот официјален натпревар е дуелот од Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 11 авгист во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. 

Вицешампионот оваа сезона е посилен за Кизиќ, Секељи, Ивановски, Табоада, Божиќ Павлетиќ и Обрадовиќ. За разлика од тимот од минатата сезона повеќе не го носат зелениот дрес Хендави, Чаневски, Трајковски, Вегар, Петровски и Стјепановиќ. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »