Press "Enter" to skip to content

“Мариово во срце те носам“ концерт во манастирот “Св. Атанасиј“ во село Старавина

Вечер во дворот на манастир “Св. Атанасиј“ во село Старавина ќе се одржи вториот културен настан од програмата на културно-забавно лето “Новаци 2021“.

Целовечерен музички концерт “Мариово во срце те носам“  со популарната Сузана Гавазова  и Дарко Билбиловски ќе се одржи денес (сабота), со почеток во 21 часот на локација двор на манастир “Св. Атанасиј“ во село Старавина.Заради почитување на протоколите за оджување на настани на отворени во дворот на манастирот ќе има ограничен број на гости, а резервацијата е задолжителна, за неа не се плаќа, а денешното мото е кој колку потриши толку плаќа, а собраните пари ќе бидат наменети за доизградба на манастирскиот комплекс. 

More from ЗабаваMore posts in Забава »