Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ дијагностоцира хематома во мочниот меур

Специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“,  започна со работа пред неколку  месеци и  поседува најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи.

Сопственикот д-р Васил Чипуровски вели дека тие вршат и дијагностицирање хематома во мочниот меур, со помош на ултрасонографија на абдомен (ехо), за што вели:-Хематома во мочниот меур претставува лезија на  колекција на крв и е најчесто предизвикана од повреда – траума надворешна или за време на гинеколошки хирушки интервенции, поретко од примена на зрачење во случаи на иноперабилни малигнитети во мала карлица. Клиничката презентација е со силни болки супрапубично, хематурија и дисурија болно и нарушено, мокрење, малаксаност. Лаборатороски треба да бидат испитана комплетна крвна слика, седимент на мокрача, CRP итн.

Со ехо ултрасонографија на абдомен се дијагностицира хематомата интралуминална како овална хипоехогена формација до ѕидот на мочната бешика при што присуството на хиперехогени ареи укажува на постоење на активно крварење. Покрај ултрасонографијата можи да се примени и CT на мала карлица во компаративни дијагностички цели!