Press "Enter" to skip to content

Премиерот Заев во посета на Битола, на Хераклеја и Потпелистерието (фотогалерија)

Денес во работна посета на Битола, беше премиерот Зоран Заев, кој заедно шефот на Делегацијата на Европската Унија – Дејвид Гир, со министрите Бочваровски и Срефовска,  градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, генералните директори на ЕСМ и “Македонија пат“ – Васко Ковачевски и Беким Мемеди и други ги посети антикиот град Хераклеја Линкестис и потпелистерието и се информираше за новиот Римски пат и завршената реконструкцијата на патот до ски-центарот “Ниже Поле“.-Со реконструкцијата на Римскиот пат што води од Битола кон античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, ги приближуваме вредните историски локалитети поблиску до граѓаните и туристите и ја зајакнуваме прекуграничната соработка во регионот кој долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча, истакна премиерот Заев, и додаде:-Римски пат кој вклучува и пешачки зони, соодветно хортикултурно уредување и инсталација на соларно осветлување, бројните посетители и туристи од земјава и светот ќе имаат соодветен пристап до споменичните вредности Хераклеа Линкестис, рече премиерот Заев.Реконструкцијата и другите градежните зафати на „Римскиот пат“ се во рамките на проектот Смарт-кул-тур, кој се спроведува во рамките на Програмата на Европската комисија за Прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со инструментот ИПА 2 за 2014 – 2020 година.Шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир потенцираше дека поддршка од ЕУ за Хераклеа е дел од проектот за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во вкупен износ од 12 милиони евра.
-За нас локалитетот Хераклеа не е само дел од културното наследство на оваа земја – тој е дел од европското културно наследство, тој му припаѓа на целиот човечки род. Се надеваме дека нашата поддршка ќе им овозможи на што е можно повеќе луѓе да го посетат локалитетот Хераклеа и дека лекциите што можеме од него да ги научиме за нашата меѓусебна поврзаност, за културата и идентитетот ќе ни помогнат заедно да ја одредиме нашата иднина.-Целосно се извршени инфраструктурни пристапни подобрувања во самата Хераклеја што дава многу подобра слика и подобра услуга кон посетителите. Но огромното значење е што со овој проект отвораме перспектива не само на Општина Битола туку и на регионот и на соработката со Албанија и можноста за регионален развој на туризмот, а со тоа давање атракција на сето она што претставува привлекување туристи во овој регион и економски развој на истиот, изјави Наташа Петровска.Претходно во Потпелистерието премиерот Заев зборуваше за завршената реконструкцијата на патот до ски-центарот “Ниже Поле при што рече.-Граѓаните од Битола и регионот сега имаат лесна врска со големиот број рекреативни локации под Пелистер и брза врска со ски-центарот „Стрежево“. Ова е особено важно и за развојот на зимскиот туризам дополнително и заради фактот што Јавното претпријатие „Стрежево“ одговори на барањата на љубителите на зимските спортови овозможи и ноќно скијање на своите терени.-Со реконструкцијата на овој регионален пат во должина од 5,5 километри, вредна 36 милиони денари од Буџетот ширината на патот сега изнесува 6 метри според сите стандарди за оваа категорија патишта и претставува безбедна и функционално патно поврзување помеѓу Битола, како голем регионален центар и Подпелистерскиот туристички центар, а во тек е тендерска постапка за рехабилитирање и реновирање на патот Меџитлија – Битола кој е од големо значење за градот, рече директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, Беким Мемети.Градоначалничката Петровска информираше дека со реконструкцијата на патниот правец кон Нижеполе, паралелно се врши и реконструкцијата и на патниот правец Трново-Магарево и се постави канализациона мрежа и пречистителна станица, со што се затвора една успешна приказна на развој на туризмот во Потпелистериоето.