Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: повредени двајца моторциклисти, еден на “Булевар 1 мај“, другиот кај тунелот

На 24.07.2021 во 18.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Булевар Први Мај“ во Битола, 19 годишник од Битола, управувајќи мотоцикл “јијинг“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 24.07.2021 во 20.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола- Прилеп, кај тунелот во Битола, 51 годишник од Охрид, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.