Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: 41. издание на Илинденски денови, мексиканките атракција (фотогалерија)

Битола има многу културни настани, дестина фестивали, се одржуваат многу концерти, изложби, промоции, но нека не ми замерат битолчани кои се години во културата еден од моите најомилени фестивали е “Илинденски денови“, фестивал на народни игри и ора, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој додава:-Сега се во тек “Илинденските денови“ во Битола, а ќе кажам во врска со претходно кажаното, овој фестивал ми е омилен можеби тоа е поради тоа што сум еден од основачите на овој фестивал заедно со Илија Алушевски и Методија Размовски, а 18 години бев и водител на Фестивалот, а секако уште многу години и вршев пренос на Фестивалот на брановите на Радио Битола.Кога зборува за историјата на фестивалот Миновски споменува и тоа дека првите две години фестивалот се одржуваше во Офицерски дом, а кога интересот се зголеми се донела одлука да се префрли во Ракометното игралиште. Неколку пати кога имало дожд се префрлувале во спортската сала “Младост“.-Многу е напишано за фестивалот, а секако и мојот новинарски бележник има многу текстови за “Илинеденски денови“, прва запошана информација секоја година е дека се отвора со дефиле со сликата на Гоце Делчев на чело на колоната фолклористи, а кога вршев пренос од дефилето се преслекував, а потоа бев водител, потоа дека се отвора со “Комитското оро“ на КУД “Илинден, а потоа се играорците од Секирник.-Во оваа моја рубрика на Битолањуз, деновиве пред 10 години, ќе кажам дека пред 10 години во 2011 година се продолжи традицијата, се одржа дефиле по Широк Сокак, се отворија на Ракометно со “Комитското“, потоа беа играорците, Русалиите од Секирник и следуваше официјалната програма.Кога сме кај 41. издание во 2011 година, пред 10 години мора да споменеме дека атракција беа убавите ограорки и играорци од Мексико кои заедно со играорците од Турција одржаа концерт во Големата сала на Центарот за култура.-Битолчани со Мексиканките направија многи фотографии на отворањето на настапите по Широк Сокак, на концертот, а межи тие битолчани кои имаат фотографии за спомен со нив сум и јас, кога се фотографирав со мексиканскиот симбол, сомбреро на главата.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »