Press "Enter" to skip to content

Марко Кизиќ дел од новото голманско трио на Еурофарм Пелистер

На местата на Хендави, Чаневски и Трајковски, ова лето во Битола дојдоа Секељи, Кизиќ и Ивановски. Комплетната промена на голманската тројка ја намали просечната старост и двајца млади македонски години, покрај искусниот Секељи, ќе добијат шанса во натрупаната сезона на повеќе фронта. Младиот Марко Кизиќ во Битола дојде со долг договор, а и самиот многу очекува од новиот предизвик. 

-Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив. Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе. Запознат сум со овој клуб од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб. Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски. Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува, ни рече младиот голман. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »