Press "Enter" to skip to content

Уписи на УКЛО – создаваме иднина, Технолошко-технички факултет – Велес

Последниве десетина години, а особено со почетокот на актуелната пандемија, евидентна е зголемената побарувачка на храна што го поддржува имунолошкиот систем. Современиот потрошувач преферира храна со висок квалитет и нутритивна вредност, а ваквите барања наметнуваат потреба од примена како на традиционални, така и иновативни технологии и рецептури во преработката на храната. Секако, тоа наметнува и потреба од едуциран кадар што ќе биде подготвен да се вклучи во процесите на производство на безбедна и здрава храна во согласност со современите потреби.

Поради тоа, студирањето на модерни студиски програми поврзани со производството на храна претставува избор што гарантира стекнување на знаења и профилирање на стручен кадар, кој е баран на пазарот на труд и секогаш е потребен на заедницата.

Технолошко-техничкиот факултет (ТТФ) од Велес како високообразовна институција при универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола обезбедува континуиран процес на образование на високостручни кадри преку современи студиски програми на трите циклуси академски студии кои овозможуваат стекнување на знаења, вештини и искуства од областа на нутриционизмот, прехранбената технологија и биотехнологија.

Во обезбедувањето на квалитет на наставниот и научноистражувачкиот процес Факултетот посветува особено внимание на научноистражувачката работа и практичната настава, преку која студентите стекнуваат адекватни искуства и знаења неопходни за нивниот професионален развој. За таа цел Факултетот соработува со голем број стопански субјекти каде се реализира практичната настава на студентите, предвидена со студиските програми.

Технолошко-техничкиот факултет за академската 2021/2022 година на идните студенти на прв циклус академски студии во Велес им нуди две актуелни студиски програми: НУТРИЦИОНИЗАМ и ПРЕХРАНБЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И БИОТЕХНОЛОГИЈА (четиригодишни студии) 240 ЕКТС. На дисперзираните студии во Битола, Факултетот ја нуди студиската програма НУТРИЦИОНИЗАМ.

На вториот циклус (магистерски) студии студентите имаат можност да избираат три атрактивни студиски програми: НУТРИЦИОНИЗАМ; УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА (едногодишни студии) 60 ЕКТС и НУТРИЦИОНИЗАМ (двегодишни студии) 120 ЕКТС

На третиот циклус (докторски) студии се нуди студиската програма: ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ХРАНА И НУТРИЦИОНИЗАМ (180 ЕКТС)

https://www.uklo.edu.mk/news/view/1501.Студиските програми на сите три циклуси се базираат на модерен мултидисциплинарен концепт насочен кон процесно-технолошките аспекти на производството на храна, во согласност со барањата на современиот потрошувач и новите сознанија во технологијата и науката за храна и исхрана. Програмите нудат знаења за водење и анализа на прехранбено-биотехнолошките процеси, имплементирање иновативни технологиии и примена на методологии за добивање храна со задржани оптимални нутритивни вредности, но и знаења во правец на креирање, производство и промоција на различни видови функционална и нова храна, храна за посебни нутритивни потреби, додатоци на исхрана и сл. производи, следејќи го концептот на минимално процесирана храна и зачувување на биоактивните карактеристики на суровините. Ваквиот пристап овозможува профилирање на стручни кадри со компетенции кои се барани на пазарот на труд.

Квалитетот на стекнатите знаења кај дипломираните студенти е препознаен од реномирани компании од прехранбениот сектор во државава и странство, лабораториите за контрола на безбедност и квалитет на храната, научно истражувачки лабoратории, во институциите од јавниот сектор (градинки, училишта, здравствени установи), Агенција за храна и ветеринарство и други соодветни институции, каде дипломираните кадри се реализираа како успешни вработени. Многу студенти по дипломирањето започнуваат сопствен бизнис во сферата на производство на храна и се успешни и препознаени како солидни професионалци.

Потврда за континуираните напори на ТТФ како институција да даде придонес во општествената заедница во насока на зацврстување на врската академија – индустрија е и формирањето на Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти кон крајот на 2020 година. Овој Центар, чие формирање беше поддржано од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка, претставува долгорочен стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентност преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис секторот од прехранбената индустрија и академската институција.

https://www.fakulteti.mk/job/01032021/odbelezhano-formiranjeto-na-prehranbeno-
tehnoloshkiot-centar-za-razvoj-na-inovativni-produkti-na-tehnoloshko-tehnichkiot-fakultetТехнолошко-техничкиот факултет го следи трендот за интернационализација на високото образование и континуирано ги користи можностите што ги нудат ERASMUS+ и CEEPUS програмите за мобилност на студентите и наставните кадри, кои ја промовираат меѓународна соработка помеѓу различни организации вклучени во високото образование во Европа. Факултетот е партнер во две CEEPUS мрежи, што ја олеснува можностa студентите и наставниот кадар да остварат соработка и престој на партнерските инстутуции заради наставни и/или истражувачки цели во областите од интерес – наука за храна, нутриционизам и процесирање храна.

Деканот проф. д-р Татјана Калевска истакнува дека новата академска 2021/2022 на Технолошко – техничкиот факултет ќе започне во реновирани училници, библиотека и лаборатории опремени со софистицирани инструменти за анализа на храната.