Press "Enter" to skip to content

Денес, премиера на претставата “Сомнително лице” на Битолскиот театар (фото)

Ансамблот на НУ Народен театар од Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Сомнително лице” од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски.

-Нашата претстава можеме да ја наречеме “современа нушиќијада“ или искривено огледало во кое светот и луѓето во него се претставени токму онакви какви што се. Светот на “Сомнително лице“ на Нушиќ, прочитан денес, претставува еден дистопичен свет во кој шпионирањето и недовербата, како и лицемерството, корупцијата и стравот се нешто сосема нормално… “, вели Деан Дамјановски, режисер.Светот на “Сомнително лице” на Нушиќ, прочитан денес, претставува еден дистопичен свет во кој шпионирањето и недовербата, како и лицемерието, корупцијата и стравот се нешто сосема нормално, рече режисерот Дамјановски во пресрет на премиерната изведба закажана за 27 јули во Битола.

Главната улога во претставата ја толкува актерот Марјан Ѓорѓиевски, а заедно со него на сцената на битолскиот театар ќе настапат и Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.

Сценографијата и дизајнот на плакатот е на Филип Јовановски, костимите се на  Андреј Папаз Ѓоргиевски, а композитор на музиката е Марјан Неќак.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »