Press "Enter" to skip to content

Филип Ивановски, прекомандуван во Еурофарм Пелистер, дел од голманското трио

По минатата сезонана голот на Еурофарм Пелистер 2 и исполнувањето на целта со пласманот во плеј-офот, Филип Ивановски од Битола, е приклучен кон Еурофарм Пелистер, каде ја сочинува тројката голмани со Секељи и Кизиќ. 27-годишникот ги мина сите младински категории на клубот од Битола, а беше член и на сите младински категории на националната репрезентација.Ивановски едвај чека да почне новата сезона и да се играат натпревари за бодови.

-Екипата неколку години е заедно, скоро 70% од ланскиот костур е присутен и сезонава, надограден со одредени засилувања кои беа потртебни. Ова е голем клуб и нормално е да има високи амбиции. Целта е да се врати една од домашните титули во Битола. Се надевам дека ќе успееме да ја израдуваме публиката. Ветувам дека напорно ќе работиме за да дојдеме до таа толку посакувана титула, вели Филип Ивановски, кој потекнува од школата на Пелистер од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »