Press "Enter" to skip to content

Француски експертски тим за заштита и спасување во Битола

Експертски тим од генералната дирекција за цивилна заштита при Министерството за внатрешни работи на Република Франција, заедно со нивните колеги од Дирекцијата за
заштита и спасување, остварија средба со градоначалничката на Општина Битола Наташа
Петровска.

На средбата разговараа за заедничките потреби и искуства, кои што двата тима меѓусебно ќе
ги споделуваат во наредниот период, како што се обуките на единиците за деминирање,
техничката подготвеност итн. Големо внимание предизвика пронаоѓањето на заостанатите
гранати од Првата светска војна во близина на стадионот, каде што се изведуваат градежни
работи.

Градоначалничката Петровска на средбата ги посочи законските можности со кои
Општина Битола може да даде своја поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување,
особено во делот на постоењето на гранатите од изминатите војни, кои што се воделе на
оваа територија и нивно отстранување. Петровска посочи дека потпелистерието, каде
масовно се гради, исто така е област во која може да има остатоци од гранати од Првата
светска војна.

More from ВестиMore posts in Вести »