Press "Enter" to skip to content

Во Битола продолжува сончево и многу топло, температура до 38 степени

Денес, среда, 28 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Температурата во Битола до 38 степени. УВ= 9.

Утре, четврток, 29 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 38 степени. УВ=9