Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер доби покана за играње во АБА2, екипите од Јадранската лига во Битола

Вложувањата во квалитет во екипата на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, се покажа како добра инвестиција, бидејќи денес на адреса на клубот од Битола дојде покана која со нетпрение ја очекуваа љубителите на кошарката во градот под Пелистер.

Пелистер доби покана да ја претставува Македонија во Јадранската АБА2 лига, а дали битолчани ќе гледаат за едно ниво и повеќе квалитетна кошарка ќе дознаеме по празничниот викенд кој следува.

Претсдедателката на КК Пелистер, Мери Ковачевска е задволна од поканата и вели:

-Презадоволна сум од мојата работа, работата на управата, кошаркарите и стручниот штаб. Пред моето доаѓање, Пелистер беше просечен тим кој се бореше за пласман во Суперлигата, а сега за само една година се наоѓаме пред портите на АБА 2 лигата, а за тоа дали ќе се прифати поканата додава:

-Викендов ќе ја донесеме конечната одлука околу учеството во регионалното натпреварување. Не се сомневам дека ако настапиме – ќе играме важна улога во АБА2 лигата.

И пред да биде добиена поканата Управата на клубот работеше на доведување на квалитетни засилувања, ги доведе Тајлер Чиз и Младеновиќ, ги продолжи договорите со Стајиќ и Кесар, можеби најквалитетните кошаркари во тимот во изминатата сезона, а потпишан е договор со Младеновиќ. Во тимот останува и капитенот Бојан Трајковски, кој има уште една година од постоечкиот договор, а се работи и на тоа да се донесат во Битола и дриги засислувања. Прифаќањето на поканата ќе боде и нов момент за привлекување на нови засолувања, како и млади кошаркари кои ќе ја обезбедат иднината на клубот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »