Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: украдени пари и златен накит, 19 возачи возеле без возачка

На 26.07.2021 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 00.00 до 08.00 часот едно лице со употреба на сила и подесен алат влегло во продажен објект на ул. „Св.Нектариј Битолски“ во Битола и одзело пари и златен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 64 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 19 возачи управувале возило без возачка дозвола, 13 возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, три возила биле со измината регистрација, двајца возачи разговарале на мобилен телефон. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.