Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер за одблокира сметката, го исплати Ковачев, Миленковски се враќа во Битола

Сметката на ФК Пелистер од Битола веќе е одблокирана, а со тоа тргната е првата пречка за потпипување на нови договори со фудбалери кои сакаат да се приклучат на битолскиот прволигаш. Поради долг кон Мартин Ковачев, не можеа да регистираат нови фудбалери, но веќе му е исплатена целата сума и суспензијата е симната.

По одблокирањето на сметката Пелистер го регистрира и првиот фудбалер по забраната, а тоа битолчанецот 31 годишниот Филип Миленковски, кој се враќа во Битола по неколку сезони поминати во други клубови. Миленковски пред три години беше и капитен на Пелистер, кога беше освоен Купот на Македонија, а доаѓа од Струга Трим Љум. За Пелистер потпиша на една година.

И тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски деновиве ќе потпише договор да го води клубот и во наредната година, а со тој потпис и на Миленковски ќе започне конечното екипирање на тимот, кој првиот натпревар ќе го игра на 8 август, против екипата на Македонија ЃП во Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »