Press "Enter" to skip to content

Академијата за дигитален маркетинг и SEO “Јавен Адвертајзинг“ ги додели дипломите на студентите

Завршена уште една група од Академијата за Дигитален маркетинг и SEO (оптимизација на веб страни). Оваа Академија е верифицирана од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните ЦОВ. Воедно, оваа Академија е со единствена ваква верифицирана програма во Пелагонискиот регион.Досега на оваа Академија имаат завршено 280 студенти од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Охрид и Струга кои присуствувале на часовите со физичко присуство, а и студенти од останатите градови од нашата земја преку онлајн следење на наставата.Повеќе од 80% од овие студенти се вработени како дигитални маркетинг специјалисти во локалните ИТ компании, или работат фриленс на надворешни проекти. Воедно, има и голем број од овие студенти кои биле дел на оваа Академија заради унапредување на работното место, отворање или развој на сопствен бизнис.“Јавен Адвертајзинг“ има склучено договори за соработка со голем број на ИТ компании каде ги препорачува своите студенти за вработување и пракса.Следната Академија за Дигитален маркетинг и SEO започнува на 1ви октомври 2021г. За ран упис може да се искористат и летните попусти кои ги нуди Јавен Адвертајзинг. Повеќе околу Академијата може да прочитате на следниов линк

Дигитален маркетинг + WordPress