Press "Enter" to skip to content

Делегацијата на фестивалот “Илинденски Денови“ кај министерката за култура Ирена Стефоска

По повод успешната организација на 51. по ред фестивал “Илиндески денови“, делагација на фестивалот, предводена од директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска – Илиевски, кои се организатори на истиот, на покана на министерката за култура беа на средба во Министерството за култура во Скопје. По средбата министерката за Стефоска рече;

-Се сретнав со Филип Бусон, претседател на Меѓународниот совет на организации на фолклорни фестивали и уметности, ЦИОФФ, која е дел од УНЕСКО. Тој деновиве го следи фестивалот „Илинденски денови“ и со голем респект говори за високата професионалност на манифестацијата, единствената од земјава која има сертификат за членство во оваа меѓународна организација. Разговаравме за заштитата на нематеријалното наследство и за можностите за унапредување на соработката на експертско ниво со CIOFF каде што членуваат 108 земји во светот, а над еден милион луѓе се вмрежени во организацијата преку секциите во секоја од земјите.

-Сертифицираниот фестивал Илинденски денови од страна CIOFF, гостувањето КУД “Илинден” од Битола на Светската фолклоријада во Уфа,Русија се само потврда дека градот Битола игра значајна улога на меѓународно ниво кога зборуваме за фолклорот. Значајна е и меѓународна активност која ја има СОФАМ – национална секција на CIOFF од вашата земја кој е наш член и со кој градиме исклучително плодна соработка” – истакна Филип Бусон на средбата.

Директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски ја истакна важната поддршка која Фестивалот ја добива од Министерството, кое го има ставено овој настан во Годишната програма од национален интерес и ја искористи приликата да и подари на Министерката подароци кои ги направија вредните раце на учесниците на од фестивалските работилници.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »