Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Лазар Николовски – Радио 105 – Бомбардер

Денес во Битола, на 69 годишна возрат почина Лазар Николовски (1952 ), сопственикот на првото комерцијално радио во градот, Радио 105, кој тој го нарекуваше уште Радио 105 Бомбардер од Битола.

Лазар Николовски триесетина години работеше како водител во своето радио, човек кој секогаш низ хумор ги претставуваше и најголемите проблеми, а со своето радио овие изминати години беше и човек кој преку тадио брановите беше присутен во секој дом во Битола.

Николовски во своето работеше како водител беше миленик на слушателската публика во Битола и битолските села, а беше “во живо“ со своите сограѓани кога го рушеше Гинисовиот рекорд во неспиење “Маратон“ без сон, во наградните игри кои ги организираше, а посебно беше дел од Битола за Коледе кога битолчани чекаа на ред да дојдат до слободна линија на неговиот телефон, за тој да им ја исполни музичката желба.

Меѓу колегите беше почитуван, секогаш со добра мисла и шега, секогаш да помогне, а како таков ќе го паметам и при последната наша средба во неговото радио, пред некој ден, кога не испрати со шише ладна вода, да не заштити од горештините, и ни рече во негов стил, “не акајте многу по горештините“, кога заедно со свои пријатели го доуредуваше просторот во Радиото.

Николовски беше успешен и како фотограф, кој во биснисот ги воведе и “експес фотографиите“, аико во време кога не постоеја фото лаборатории, Лазе со “Јутел“ го правеа за брзо време.

Од формирањето на Радиот до денес беше најслушан водител на најслушано радио според критериумите на официјалните институции.

Николовски, претходно во својот работен век, работеше како поштар, а беше и препознатлив лик од поранешниот Социјалистички Сојуз. Мојата генерација ќе го памети како човекот кој ги “избрка“ младите од пред Барот и го растури корзото, со целовечерно полевање со вода. Николовски беше дел и од младинскиор бригадирски живот во Битола. Потоа се префрли во радио водителството, каде до својата 69 година беше зад пултот и водеше радио емисии.

Погребот е утре во 12 часот на Светонеделските гробишта.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »