Екипата на Пелистер од Битола во своите редови потпиша договори со уште тројца фудбалери, и полека ја комплетира екипата за наредната фудбалска сезона 2021/22, која започнува за една седмица.
Во Битола, под Тумбекафе ќе играат Јакуп Бериша кој доаѓа од екипата на Шкупи, Фернандо Силва кој се враѓа во Македонија каде има настапувано за екипите на Ренова и Борец и Христијан Вецевски од екипата на Работнички.
Претходно за Пелистер потпишаа Миленковски и Јусиф.
Пелистерци по завршувањето на сезоната останаа без цел тим, а останаа голменот Трајчевски, Исмаили, Бошковски, Маневски, Принц Ампонсах, Талевски и Размоски, а беа потпишани и договори со младински фудбалери од Битола, за да се запази рокот за пријавување на тим и да не го изгуби правото да игра во новата сезона.