Press "Enter" to skip to content

Заврши фестивалот “Илинденски денови“, прогласени најдобрите (фото)

Синоќа на ракометнот игралиште во Битола заврпши 51, фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“, кој го организираше Центарот за култура во Битола, на кој во изминатите денови на многу локации во Битола се претставија групи и ансамбли од Македонија и станство, а беа одржани и многу настани надвор од фестивалските вечери, поврзани со народните носии, обичаи, култура, изложби, ревии, интерактовни часови…На свеченото затворање присутвуваа градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, амдасадорот на Руската Федерација во Македонија, претседателот на светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ – Филип Бусон, престставници на ЦИИОФФ од Македонија, преставници на ансамблите кои учествуваа на фестивалот и други гости…Директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска – Илиевски, на последната фестивалска вечер, на затворањето на фестивалот рече: -Во изминатите денови со песна и со игра ја раскажавме приказната „Илинденски денови“. Секое ќоше на нашиот град стануваше сцена на нашиот фестивал, а секој случаен минувач беше фотограф или снимател на фестивалот. Гостите и публиката се споија во еден свет и силно, гласно ја претворија нашата Битола во најубавиот град на светот, затоа што светот ни беше дома.Потоа беа прогласени најдобрите на фестивалот “Илинденски години“. КУД „Дримкол“ од Вевчани е прогласена за најуспешна група што презентираше традиционална музика и игра, а КУД „Илинден“ од Струга е избрана за најуспешна група што презентираше староградска музика.Со одлука на стручно жири, за најуспешна вокална група е прогласено трио „Кладенец“ од Теарце, за најуспешен инструментален состав награда доби ансамблот „Ќустек“ од Скопје, а за ансамбл со најдобра и најкомплетна изворна носија, највиско фестивалско признание доби ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија.За македонскиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ јавна висока оцена даде Филип Бусон, претседателот на светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ кој годинава беше гостин во Битола.-Прекрасен е фестивалот „Илинденски денови“ и среќен сум што бев со вас и што изградивме силно пријателство. Поканата за престој во Битола ја добив од националната секција на ЦИОФФ на Македонија и се уверив дека дојдов на вистинското место. Се враќам во Париз, и на обвските во УНЕСКО, но ветувам дека повторно ќе дојдам во Битола затоа што тука има голем фестивал, рече Бусон и порача дека за да се изгради поубав свет и мир во светот, потребни се заедничка игра, заеднички песни и заедничко пријателство.Во чест на наградените, пред броен аудиториум во Битола, синоќа настапија ансамблот „Македонија“ од Скопје, КУД „Дуле Милосавлевиќ“ од Чачак-Србија, ансамбл за танци плус фолклор од Елбасан-Албанија, сибирскиот фолклорен ансамбл од Краснојарск-Русија, а со посебен аплауз беше поздравен настапот на грчкиот фолклорен ансамбл „Елкелам“ од Атина кои на фестивалската сцена освен игра ги отпеаја песните „Битола мој роден крај“, „Ѓурѓо девојко“ и „Јовано, Јованке“, а пријатно изненадување за публиката беше и американската фолклорна група од државата Јута чии млади членови освен препознатлива игра на фестивалот ја испеаја македонската песна „Во Струга дуќан да имам“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »