Press "Enter" to skip to content

Пожар во Турските гробишта во Битола, интервенираа пожарникарите со две возила (фото)

Вечерва избувна во Турските гробишта во населната “Ушици“ во Битола, а на терен се појавија две возила на противпожарната единица од Битола. Пожарот бил пријавен од страна на жители од населбата во 23,15 часот.На терен покрај пожарникарите беа и полициски службеници кои ги регулираа движењето на возилата по “Илинденска“ со цел да не им се прави дополнителни проблеми на пожарникарите.Пожарникарите интервенираа од страна на улицата “Илинденска“, а пожарот стигна во близина на дел од куќите, но со навремена интервенција се локализира пожарот.Покрај со огнот пожарникарите се бореа и густиот чад, кој поради тоа што немаше ветер остануваше на теренот, а од друга страна мештаните велат дека среќа е што нема ветер и не се ширеше брзо огнот. Чадот се уште се чуствува во населбата и по гаснењето на пожарот.Беше запалена и гореше сувата треба на Турските гробишта, а тоа се прави секоја година, поради високата трева која никој не ја коси.За разлика од спротива, во Еврејските гробишта, неколку години нема пожар, иако и таму беа сезонски секое лето, бидејќи редовно се коси тревата, како и оваа година.

More from ВестиMore posts in Вести »