Press "Enter" to skip to content

Нови 7 позитивни на ковид-19 во Битола, со нив вкупно 25 активни случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравјe дека во последните 24 часа се направени 5.759 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19, од нив новозаразени се 7 од Битола.

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти, нема од Битола.

Битола има 25 активни случаи, а до сега има 6.335 лица кои биле или се позитивни на ковод-19.

Направени се ЦЈЗ Битола 107 и преку “Плодност“ 40 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

More from ВестиMore posts in Вести »