Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: на 1 и 2 август посебен режим за сообраќај

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2021 година па сѐ до 22.00 часот на 02.08.2021 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место викано Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира да локалните жители да се воздржат од движење со работни и земјоделски машини по наведените патни правци во определениот временски период, а до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

More from ВестиMore posts in Вести »