Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: закана со огнено оружје и оддалечување од дом

На 01.08.2021 во 22.00 часот 38 годишно лице од Битола пријавило дека во угостителски објект во Битола, по претходна меѓусебна расправија со друго лице, едно лице му упатило закани со огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 01.08.2021 во 12.30 часот во СВР Битола Н.Н. (75) од Битола пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син на возраст од 52 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.