Press "Enter" to skip to content

Во Битола 1 нов позитивен на ковид-19, активни 26 случаи, направени 80 тестови

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно  здравје дека во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19, од кои од Битола има 1 случај.
 
Регистрирани сe 23 оздравени пациенти, нема од Битола, а со денешните бројки во Битола има 26 активни случаи.
 
Не се пријавени починати лица.
 
Направени се преку “ Плодност“ 80 ковид тестови, а во ЦЈЗ Битола вчеран не беа правени тестови.
 
Досега во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 627.