Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се вакцинираа за имунизација на ковид-19 (фото)

Денес во вакциналиот пунк во Битола, во спортската сала на медицинското училиште “Јован Калаузи“ ракометарите на Еурофарм Пелистер ја примија првата доза од вакцината за имунизација на ковид-19.Вакцинацијата ракометарите во Битола се одржа по претпладневниот тренинг, при што ги добија и препораките и советите од лекарите како да се однесуваа во наредните денови.“Пелистерци“ по препораките од лекарите добија и два слободни дена од тренерот Бабиќ, кој денес беше на списокот за вакцинација.Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер изразува благодарност до здравствените власти за соработката и поддршката, бидејќи клубот во соработка со здравствените власти комплетно ја обезбеди и организираше имунизацијата.Ревакцинацијата е закажана за 24 август. Редовните ракометни обврски ракометрите ги продолжуваа в петок кога “пелистерци заминуваат“ на викенд во Маврово, каде ќе одиграат два контролни натпревари против Еурофарм Пелистер 2 од Битола кој се веќе во Маврово и Металург.

More from СпортMore posts in Спорт »