Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повратник од САД со џип излетал од патот за Демир Хисар

На 02.08.2021 во 19.56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, во близина на крстосницата со патот за село Драгожани, 47 годишник од Битола, со живеалиште во САД, управувајќи патничко моторно возило џип „вранглер“ со битолски регистарски ознаки, излетал надвор од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Б., констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »