Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 8 позитивни на ковид-19, активни случаи 34

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 8.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти, нема од Битола.

ВоБитола има вкупно 6.344 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 34 случаи.

Пријавени се три починати лица, нема од Битола.

Направени се ЦЈЗ Битола 72 и преку “Плодност“ 51 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

More from ВестиMore posts in Вести »