Press "Enter" to skip to content

Продолжуваат натпросечните температури, во Битола многу топло до 38 степени

Денес, среда, 4 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 38 степени. УВ=9

Утре, четврток, 5 август, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 39 степени. УВ=9