Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 4 случаи на ковид-19, активни 38 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 229 нови случаи на КОВИД-19, од кои од Битола се Битола по 4.

Регистрирани сe 30 оздравени пациенти, нема од Битола.

До денес во Битола има 6.348 позитивни на ковид-19, а активни се 38 случаи.

Пријавени се четири починати лица, нема од Битола.

Направени се преку  ЦЈЗ Битола 75 и “Плодност“ 30 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.