Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пожар кај “Бадембалари“, казнети 39 возачи за брзо возење, продолжуваат засилени контроли

На 04.08.2021 година во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Бадембалари“ настанал пожар, при што горело ѓубриште. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.

Во текот на вчерашниот ден (04.08.2021) беше спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 38 возачи. Од нив, 12 возилa ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 26 мерки се преземени за брзо возење во населено место. За време на контролата се констатирани и законски санкционирани и 46 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »