Press "Enter" to skip to content

Во Битола, едно починато лица и еден нов позитивен случај на ковид-19

Во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19, од кои од едно лице е од Битола.

Регистрирани сe 11 оздравени пациенти, нема од Битола.

До сега во Битола има вкупно 6.349 лица кои се или биле позитивни на ковид-19, а активни се 38 случаи.

Пријавено е едно починато лице од Битола на возраст од 55 години, починатo во болнички услови.

Направени преку ЦЈЗ Битола 100 и преку “Плодност“ 44 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.