Press "Enter" to skip to content

“Културното наследство во мојот град“ – нов проект на “Сумнал“ од Битола (фото)

„Сумнал“ – здружението за развој на ромската заедница започна да го реализира проектот „Културното наследство во мојот град“, а целта на проектот е да ги запознае децата Роми од 3-то до 6-то одделение од Скопје и Битола со поимот, значењето, видовите и заштитата на културното наследство, придонесувајќи кон нивниот развој и чувството на припадност како идни успешни граѓани во нашето општество.Во рамки на проектот се одржуваат работилници за запознавање на учениците со видовите и важноста на културно наследство; Културното наследство е еден најважните сегменти за интегритетот на една држава. Сите места, предмети, уметнички дела, обичаи и вредности кои се пренесуваат од генерација на генерација, се она што претставува култура и наследство на една нација и преку што се креира и зацврстува идентитетот кај луѓето. Кога поединецот го познава своето културно наследство и историјата, подобро се развива како личност и го развива чувството на припадност.Македонското општество е мултикултурно, чиј составен дел се и етничките заедници, па затоа од особена важност е и припадниците на тие заедници да го познаваат културното наследство на земјата во која се родиле и живеат за да се развие тоа чувство на припадност кое придонесува за понатамошниот општествен развој. Проектот започна да се реализира на почетокот на месец јули и ќе реализира наредните три месеци.Аудиовизуелната едукативна работилница “Одиме во музеј со Ана” беше особено интересна за децата, бидејќи имаа можност да научат и да се забавуваат, преку презентираните видеа и фото материјали, едукативни сликовници и друг печатен материјали. Работилницата се одржа во постојата поставка на НУ Завод и музеј Битола, односно делот со скулптури од познатиот вајар Сотир Димовски. На крајот на работилницата учениците добија подарок, едукативна сликовница од НУ Завод и музеј Битола, а на заминување истакнаа дека со нетрпение ќе очекуваат наредна средба.Во рамките на работилницата, предавачите ја потенцираа важноста на мултикултурното наследство во градот како и запознавање на децата со основните поими. Работилницата беше подготвена согласно возраста и наставната програма. Децата имаа можност да се запознаат со карактеристиките на најзначајните споменици на култура во Битола како и со богатото движно културно наследство во постојаната поставка на НУ Завод и музеј Битола. Потоа, се обидоа креативно да се изразат, односно да сликаат во разни техники, инспирирани од презентираните експонати. Децата се запознаа со неколку љубезни вработени во таа институциија за што им благодариме за гостопримството.Во рамките на проектот организиравме посета на најзначајните споменици на култура на Широк сокак. Некои од овие споменици, покрај Саат Кулата, зградата на музејот и Магазата се и активни храмови ( Св. Димитрие, Пресвето срце Исусово, Исак Џамија) со што децата научија за вредното недвижно мултикултурно наследство како и за различните вери и религии. Наредната посета ќе биде реализирана во археолошкиот локалитет Хераклеа.

Следна активност е работилницата „Се грижам за моето културно наследство” и посета на Хераклеја

More from КултураMore posts in Култура »