Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: притворени двајца пиромани, предизвикале пожар во шума

Како резултат на преземени мерки и активности во врска со предизвикувањето на шумски пожари, вчера (05.08.2021) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишија од слобода К.С. од село Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума.

Утрово (06.08.2021) околу 06:15 часот во м.в.Дабница, прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница, кој утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп.

Во координација со Јавен обвинител се работи на расчистување на овие случаи.