Кога во Битола ќе се спомене името на Сашо Борисовски, ретко кога некој ќе направи асоцијација за тоа за кој ќе работи, но кога ќе се додадат два збора, Рокерот Оризо, тогаш сите знаат за кој се работи, а само ќе додадат со “кафичо“ кај Офицерски.Но, битолскиот рокер деновиве направи и планинарски подвиг, го освои највисокиот врв на Турција, Голем Арарат, во висина од 5.137 метри. Во оваа македонска планинатска експедиција беше заедни со уште седум планинари од Велес, Битола, Кавадарци, Куманово и Скопје.
Во телефонскиот разговор и преку комуникација по вибер Борисовски, по освојувањето на врвот,не го криеше задоволството од тоа што успеа да го освои покривот на Турција, и ни рече:-Кога некоја цел ќе се оствари без разлика која има задоволство за постигнатото, но кога ќе се оствари “највисоката“ високка 5.137 метри тогаш тоа е поголемо. Им благодарам на планинарското друштво “Азот“ кои беа организатори, што ми помогна да дојдам до врвот, за што неколку месеци се подготвуваме и контактравме, за се да биде во река, како и беше, а за подготовките додава:
-Се подготвував колку што можев и како имав време, но упорноста ја донесе и победата, се искачив на Арарат. Беше тешко поради температурните разлики, тргнавме од Македонија на +40, а се соочивме со стидени ноќи до -20 степени. Имавме лошо време во првите кампови, имавме ветер, студ, магла, град, грмежи, но Господ беше со нас, а на врвот имавме преубаво сончево време, а дел од патот беше и за време на големиот Илинден, што мене ми даде дополнителна сила.
Не биле сами на планината, а се сретнале со многу планинари од други земји, со кои како вели одлични комуницирале, а сето тоа помогнало без никакви нервози да стигнат до врвот.
Сашо вели дека покрај средбите со останатите планинари со кои разменувале искуства и совети посебно му останале и средбите со локалните дечиња, а на кои има поделил некои ситни подароци на кои секогаш ќе се сеќава и секако и прекрасните пејсажи од преубавата природа.Но, Боризовски вели дека самото искачување било онака како и замислувал, тешко, со студ, со лоши услови, но проблемите кои ги има пред искачувањето, во Чешка каде живее биле неочекувани.
-Патештвението започна од Словачка од тромегето со Австрија и Унгарија од Нитранскиот регион, од градчето Шурани. После две ноќни смени од по 12 часа, пред тргнување за Македонија на пат од 1.1оо километри, утрото, на работно место на ногата ми падна пакет кој тежеше 30 килограми, но за среќа поминав без скршеници, само рана и повреда, за која лекарот вели најмалку два дена мирување. Потоа следува и неоќекувам дефект на возилото, а во тој момент само реков “Сега ли најде“, ни вели Сашо.
–Решен без да одам, не го послушав лекарот, го поправив автомобилот и тргнав со Господ напред. Но љубовта кон Македонија, и желбата да ги видам синовите и најблиските, ме доведоа прво во Битола, а потоа и на врвот Арарат, вели Борисовски.
С.Ристевски
Фото: приватна архива на Борисовски